Monday, May 21, 2012

Kompjuterski igri

                                            Компјутерски игри





Видео игра е eлектронска игра што вклучува интеракција со кориснички интерфејс за манипулирање слики прикажани на видео уред. Електронските системи користени за играње на видеоигри се познати како платформи, примери се персонален компјутер и играчките конзоли. Платформите варираат од големи компјутери до преносни направи. Порано популарните флипери
(аркадни игри) денеска се помалку се користат.Како влезни единици за управавуње со видеоигрите се користат разни хардверски периферни единици. Кај компјутерите тоа најчесто е глувче и тастатура, поединечно или во комбинација, а пак кај конзолите тоа се играчките контроли.Други начини за заголемување на итеракцијата е користење на вибрации преку играчките контролери.

            Платформи

Како платформи за видеоигри се користат разни уреди кои се и не се специјално наменети за видеоигри. Платформи кои најчесто се користат за видеоигри се копјутерите и играчките конзолите. Иако на компјутерите, видеоигрите не им се специјaлна намена, тие се популарна платформа за нив. Играчките kонзолите се направи првенствено наменети за играње видеоигри.

За разлика од компјутерите тие наместо монитор за прикажување на видео сигналот користат телевизор (со новите играчки конзоли постои можност и за користење монитор). Исто така се многу полесни за користење бидејќи се специјално дизајнирани за играње. Покрај стандардните играчки конзоли кои користат телевизор за прикажување на сигналот, постојат и преносни играчки конзоли кои се со вграден екран и можат да се користат секаде благодарејќи на нивната мала големина.












Жанрови

Видео игрите може да бидат категоризирани во разни жанрови во зависност од повеќе фактори како начин на играње, цели на играта и др. Како основни жанрови можат да се земат следниве:



   *  Акциони игри се видеоигри кои бараат од играчот користење рефлекси, прецизност, имање осет за време со цел да се поминат разни препреки. Акционите игри се може најпопуларни игри и се меѓу најбројните. Акционите игри најчесто се засноваат на борбени теми.                                                                                                    
*Авантуристички игри или само авантури се еден од постарите жанрови за видеоигри. За разлика од филмовите во истиот жанр, авантуристичките игри не се дефинирани врз основа на нивната приказна или содржина, туку се карактеризираат со начин на играње кој не бара брзи рефлекси и нема акција. Тие бараат од играчот решавање на загатки преку интеракција со разни ликови и средината, најчесто на неконфротирачки начин.